Почетна Инфоград

ФК Беласица започна со тренинзи во Ново Село

Фудбалскиот клуб Беласица стартуваше со тренинзи во Ново Село. Во првиот ден над педесеттина млади фудбалери го одработија првиот тренинг во спортската сала во Ново Село. Големата заинтересиреност вроди со плод, велат од управата на сино-белите. Секојдневно се јавуваат и запишуваат нови дечиња од околните места во струмичко. Целта е исполната додаваат од управата на клубот. Ќе им овозможиме на дечињата кои сакат да бидат дел од гордоста на Струмица, да можат да тренират во места кои ќе бидат поблиску до својот дом.

 

Беласица со своите тренери во Ново Село денеска имаше одличен прв ден со дечиња од генерација 2002 па се до 2010 година. Тренинзите продолжуват утре во 10 часот наутро и 14:00 часот попладне. Од клубот велат дека ќе се тренира исто како и со фудбалерите од младинската школа во Струмица и ќе бидат обезбедени истите услови и во Ново Село. За само неколку дена над 100 идни фудбалери на ФК Беласица пријавија интерес и се запишаа во клубот со најдолга традиција.