Почетна Струмица Њуз

Граѓаните доставиле 70 пријави за штети од јануарските снежни врнежи

Од објавувањето на повикот пред десет дена, па до денеска, до Комисијата за утврдување и проценка на штети од природни непогоди при Советот на општина Струмица се доставени 70 пријави од граѓани кои претрпеле штети од снежните врнежи во јануари. Најголем дел од пријавите, односно, 52 се од населеното место Куклиш, а останатите од други населени места.

Според Ацо Ѓоргиев претседател на Комисијата, увидот на терен се уште трае, а по неговото целосно завршување ќе се прават пресметките и извештајот ќе биде доставен до Советот на општина Струмица. По усвојувањето од Советот, извештајот за проценетата штета ќе биде доставен до Републичката комисија за процена на штети, а потоа до Владата на Република Македонија која ќе донесе конечна одлука, дали ќе има и во колкав процент ќе биде обештетувањето.