Почетна Струмица Њуз

ФК Беласица одигра нерешено против Земун од Србија

Вториот контролен натпревар на струмичките сино-бели заврши без голови, денеска во вториот пријателски натпревар во Дојран, против екипата на Земун од Србија. Во цврст натпревар Беласица беше поблиску до победа, но по неколкуте неискористени шанси натпреварот заврши 0:0. Во вториот дел од натпреварот добија шанса и дел од играчите од младинскиот погон кои се приклучија во првиот тим.

Тренерот Васко Георгиев истакна дека е задоволен од прикажаната игра особено во вторите 45 минути, кога сино-белите беа многу повеќе на противничката половина. Од клубот потенцираат дека Беласица од натпревар во натпревар ја подобрува формата пред стартот на пролетниот дел од натпреварувачката сезона.

Веќе во сабота Беласица ќе го одигра третиот контролен  натпревар против Царско Село од соседна Бугарија.