Почетна Шаренило

Во тек е пријавувањето за учество на интернационалната карневалска поворка која ќе се одржи на 25 февруари

Карневалските празнувања во Струмица оваа година ќе се одржат од 22 февруари и ќе започнат со детскиот маскенбал, а ќе завршат на први март со традиционалните обичаи по повод празникот Тримери.

Главната интернационална карневалска вечер ќе се одржи на 25 февруари. Организациониот одбор веќе го објави повикот за пријавување за учество на интернационалната карневалска поворка .Пријавите за учество треба да се достават на следната е-маил адреса strumicacarnival@gmail.com најдоцна до 20 февруари, а повеќе информации можат да се добијат на телефонскиот број 075 479 033.

До истиот рок трае и акредитирањето за новинари, сниматели и фоторепортери за следење на Струмичкиот карневал 2017 година.