Почетна Струмица Њуз

Не се одржа 49-та седница на Советот, дневниот ред не беше усвоен

Четириесет и деветтата седница на Советот на општина Струмица која што беше закажана за денеска, не се одржа. Според претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов, седницата не се одржа поради тоа што не беше усвоен дневниот ред, односно, советниците на ВМРО ДПМНЕ гласаа против предложениот дневен ред.

По едночасовна дебата и пауза за кординација од страна на двете партии Советот на општина Струмица со 11 гласа за и 11 против не го усвои дневниот ред, со што беше констатирано завршување на седницата.

Според Христов, денеска советниците на ВМРО ДПМНЕ и Социјалистичката партија покажале дека не им е до проблемите на граѓаните како и  усвојување на  Предлог – планот за запишување на учениците во прва година во средните општински училишта во учебната 2017/2018 година, туку, во преден план како што вели им се теснопартиските интереси.