Почетна Вести

Заев: Очекувам Иванов што поскоро да ми го додели мандатот

Како што рековме, Никола Груевски никогаш веќе нема да биде премиер. Синоќа се докажа дека го нема потребното мнозинство за формирање влада, рече на денешната прес конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Заев очекува претседателот на државата, Ѓорге Иванов, што поскоро да му го додели мандатот за формирање влада.

„Сите други опции ќе претставуваат кршење на Уставот на Република Македонија“, истакна претседателот на СДСМ.

Тој рече дека на Македонија и е потребна влада што ќе ги обедини, наместо да ги дели граѓаните и дека СДСМ е подготвена да ги спроведе сите реформи од Договорот во Пржино и реформските приоритети од Прибе.

„Таквата влада ќе гарантира еднакви права на сите граѓани пред Уставот и законите. Република Македонија е созреана за нови, зрели и реални политики“, рече Заев и додаде дека е убеден оти СДСМ ќе го обезбеди потребното мнозинство за формирање влада.