Почетна Вести

ДУИ пред тешка одлука со кого ќе коалицира, партијата поделена

Неофицијално, ВМРО-ДПМНЕ му понудило на ДУИ  шест министерски места и две заменички министерски места. МВР, Министерствата за транспорт, за локална самоуправа, за здравство, претседател на Собранието, како и закон за употреба на албанскиот јазик на сите нивоа во администрацијата, ќе добие ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ на ДУИ му ветиле и пет државни секретари.

СЈО, кое беше еден од условите веќе не е важно за ДУИ, доколку се одлучи за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ ќе помине со ветување дека наводно и тоа ќе се реши подоцна со договор. Кон ваквата влада ќе пристапи и партијата ДПА.

Неофицијално, седницата на Централното претседателство на ДУИ во Мала Речица започнала со голема поделеност помеѓу членовите на партијата, така што потпретседателите не се согласувале со ваквата одлука и биле за коалиција со СДСМ.

Поделеност во однос на коалицирањето со ВМРО-ДПМНЕ имало и во новиот пратенички состав на ДУИ. Но, пратениците кои биле ДУИ да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ не сакале партијата да ја води Никола Груевски и да нема функции за осомничените од Специјалното јавно обвинителство.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети при влегување на средбата со претседателството изјавил дека не се знае во кој правец оди партијата и дека дискусијата ќе биде долга и тешка.

Централното претседателство на ДУИ започнало да заседава во 17 часот, а до тогаш Ахмети имал средба само со потпретседателите на партијата заради дополнителна консултација во пресрет на одржувањето на Централното претседателство.