Почетна Струмица Њуз

Беласица ги почна подготовките за пролетниот дел и пласман во втора лига (Фото/Видео)

Струмичките сино-бели ги започнаа подготовките за пролетниот дел од шампионатот во Третата фудбалска лига – Исток. Истите ќе се реализираат во Струмица преку подигнување на физичката подготвеност но и темпирање на формата преку одигрување контролни средби. 

„ Во овој период до стартот на првенството се договорени шест контролни натпревари со екипи од Македонија, Србија и Грција и сметаме дека се ќе оди според планот во најдобар ред“, вели шефот на стручниот штаб Васко Георгиев.

Тој додаде дека во пролетниот дел ФК Беласица ќе влезе со нови две засилувања од ФК Хоризонт од Турново и со тоа уште посилно ќе атакува кон втората лига. Георгиев истакна дека се освен победа за сино-белите во следниот период од првенството би било неуспех.

Во пролетниот дел на првенството од клубот најавија дека ќе добијат  шанса голем дел од фудбалерите од младинскиот погон кои од денеска почнаа со подготовки.