Почетна Вести

Македонија против Норвешка во осмина-финале, херојски до нерешено со Исланд

Храбро до крај за нерешен резултат против Исланд и избегнување на големата Франција во осминафиналето. Црвено-жолтите го започнаа одлично натпреварот, на голот блесна нашиот чувар на мрежата Кирил Колев кој што во ист стил го заврши натпреварот. Со неколку одбрани во првите седум минути и 4:0 на нашите ракометари следеа неколку технички грешки и лесно примени голови.

На полувреме Исланд отиде со два гола предност а нашите ракометари како и против Тунис успеа да се врати до крај и да ремизира за огромен бод. Иако со неколку повредени клучни играчи во нашиот тим, македонските репрезентативци покажаа карактер на денешниот натпревар.

Капитенот Лазаров истакна дека нашите ракометари исцрпени од вчерашниот натпревар против Шпанија сепак собраа сили за да ја избегнат Франција и да ги одмерат силите против Норвешка, тим со кој реално можеме да се носиме и како што потенцираше Лазаров, да направиме историски резултат. На крај конечен резултат Македонија Исланд 27:27.

Останува да се одморат и да ги бодриме и понатаму нашите храбри момци.