Почетна Вести

Македонските ракометари ја изненадија Шпанија, со цепелини и најдобро полувреме на СП

Македонските репрезентативци  ги одиграа најдобрите 30 минути на СП против големата Шпанија, која пред натпреварот важеше за голем фаворит. Нашите ракометари одлично го започнаа натпреварот и во првото полувреме се надигруваа, имаа контрола и на играта и на резултатот. Сето тоа беше зачинето со атрактивни потези на нашите ракометари. Во неполни две минути, направивме два фантастични цепелини, Лазаров напрво со Манасков а потоа и со Георгиевски.

Шпанците единствено имаа три разлика со 8:5, но на ист начин вратија и нашите ракометари, кои на 5 минути пред одморот имаа три гола предност, 14:11.

На полувреме имавме шанса да одиме со предност, но сепак во вториот дел ќе одиме со резултат 14:14. Да им посакаме среќа на нашите момци да издржат и во вториот дел, а на крај да биде изненаден големиот фаворит.