Почетна Инфоград

Фрлени се 53,5 тони индустриска сол по струмичките улици

И по новите снежни врнежи, булеварите и улиците во градот се исчистени, а локалните патишта до населените места проодни, соопштија од „Комуналец“. Екипите на зимската служба на Јавното претпријатие „Комуналец“ уште од раните утрински часови беа на терен, со специјално возила се чистеа булеварите и улиците и на истите се фрлаше индустриска сол и ризла. Според Бранко Горѓиев, раководител на работната единица „Чистота“ при Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“, од почетокот на снежните врнежи и појавата на мразот, досега се фрлени вкупно 53,5 тони индустриска сол и ризла, а биле ангажирани сите човечки и материјални ресурси.

Проодни се и локалните патишта до населените места. Денеска заврши чистењето на патот Робово – Муртино – Банско, а се работи на патот од Раборци, преку Попчево до Рич. Иако патниот правец до Рич е во надлежност на Македонија пат, денеска таму, а во интерес на граѓаните, повторно работи јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“, велат од таму.