Почетна Струмица Њуз

Младите фудбалери на ФК Беласица на турнир во Италија

Заедно со уште 47 клубови од 35 различни земји генерацијата 2002 година на Фудбалскиот клуб Беласица, ќе учествува на голем меѓународен турнир во Равена, Италија, кој ќе се оддржи од 22 до 26 април годинава.

Од клубот велат дека ова ќе биде огромно искуство за младите фудбалери кои ќе ги измерат силите со свои врсници од голем број на различни клубови од Европа. ФК Беласица неодамна беше домаќин на меѓународен турнир, но со учеството на турнирот во Равена како и неколкуте  идни планови, сино белите ги постигнуваат високите цели кои ги имаат зацртено.

Учеството на турнирот во Равена е потврдено и на официјалниот сајт на овој турнир.