Почетна Вести

Мерцедес од 600.000 евра една од главните маски на Вевчанскиот карневал

Главна атракција на Вевчанскиот карневал денеска беше дефилето на маските. Поворките со повеќе од илјада василичари од вевчанските маала се споија на плоштадот пред зградата на Општина Вевчани.

Политиката и годинава беше во центарот на вниманието. Маските кои продефилираа „мерцедес“ од 600.000 евра, „Шарената револуција“, нова влада, кражба во вевчанската пошта, споредба на македонските политичари со светските диктатори и слично, до солзи ја засмејуваа публиката.

Вевчанскиот карневал завршува утре, со традиционалното палење на маските.