Почетна Инфоград

Општина Струмица помогна на старица во Банско која остана без затоплување и храна

По повикот од Џефа Алиева, жител на населеното место Банско за помош, откако деновиве останала без затоплување и храна, заменик градоначалникот Костадин Костадинов ја посети во нејзиниот дом, каде и даде пакети со прехранбени производи и електричен панел за затоплување.

Заменик градоначалникот Костадинов рече дека општина Струмица и понатаму ќе им помага на своите граѓани и упати апел за помош и солидарност во вакви ситуации.

-Општина Струмица од секогаш се грижела за своите граѓани и помагала на сите кои имале потреба од помош и ја побарале, се разбира, секогаш во рамките на своите можности. Еве, таквата грижа ја потврдуваме и денеска, овде во населеното место Банско. Се наоѓаме кај Џефа Алиева, која во овие денови на снежни врнежи и ниски температури остана без греење и на која и е потребна помош во прехранбени производи. По нејзиното обраќање до нас за да и помогнеме, ние се организиравме и донесовме пакети со храна и електрична греалка. Ова е скромна помош, но се надеваме дека ќе и помогне во овие студени денови да си го затопли домот и да има доволно храна. Сакам да истакнам дека општина Струмица и понатаму ќе им помага на своите граѓани, особено од социјално ранливите категории. Ја користам оваа прилика да апелирам до сите граѓани, во вакви и слични ситуации, сите заедно да ја покажеме нашата хуманост и солидарност и да им помогнеме на нашите сограѓани на кои им е неопходна помош, рече Костадин Костадинов.

[juicebox gallery_id=”513″]