Почетна Струмички маабет

Ќе ги отворат ли вратите за бездомните животни струмичките угостителски објекти?

Париз мезе бар, Винил и Радио бар се угостителските објекти во Скопје кои на температурите под нулата ги отворија своите врати за бездомните кучиња и мачки.

На Фејсбук страницата на Асоцијацијата на активисти за права на животните, се повикуваат активистите и останатите кафулиња и угостителски објекти да се приклучат кон овој хуман гест.

Се надеваме дека и струмичките угостителски објекти ќе ги отворат вратите за бездомните животни.