Почетна Шаренило

Габровските и Колешинските водопади оковани во мраз

Ледена планинска идила, деновиве, може да се забележи на Габровските и на Колешинските водопади, на планината Беласица, во близина на Струмица.

Водопадите се целосно оковани во мраз, појава која ретко се случува, само во период на екстремно ниски температури, какви што се деновиве.

Водопадите се замрзнати од пред два дена, поточно на вториот ден од Божиќ.

Извор: Новамакедонија