Почетна Вести

Иванов му го врачи мандатот на Груевски, Беса и Алијансата нема да соработуваат

Претседателот Ѓорге Иванов попладнево му го врачи мандатот за состав на новата Влада на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, чија партија освои најголем број на пратенички места на предвремените парламентарни избори што се одржаа на 11 декември.Мандатот беше врачен со половина час задоцнување од закажаниот термин.

Мандаторот во рок од 20 дена на Собранието треба да му поднесе програма и да го предложи составот на Владата. Новата влада на предлог на мандатарот Собранието треба да ја избере со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници во Собранието. Истата треба да биде избрана во Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, најдоцна на 29 јануари.

Ако во тој период мандатарот не успее да состави влада, односно да собере 61 потпис дека има мнозинство да формира влада тогаш се повторува целата постапка со друг мандатар.

Денеска две од страните кои ја потпишаа платформата на Албанците, Алијанста за Албанcите и Беса веднаш по доделувањето нa мандатот за состав на новата влада нa претседaтелот на ВМРО-ДПМНE, Никола Груевски, најавија дека нема да сoрaботуваат со него.

„Уште од старт не можеме да зборуваме за исполнување на какви било услови затоа што ние јасно истакнавме дека во идната влада не треба да не бидат опфатени лица кои што се предмет на истрага на СЈО, каде што по се изгледа Груевски е клучниот човек“, изјави потпретседателот на Беса Зекирија Ибраими.