Почетна Инфоград

Комуналец со повик до граѓаните да пријават проблем со снегот и мразот

Зимската служба на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ од првите снежни врнежи до денеска континуирано е на терен и врши чистење на снегот и мразот од улиците и тротоарите. Во расчистувањето се вклучени поголем број луѓе и механизација соодветна за вакви прилики. Според Бранко Горѓиев , раководител на работната единица „Чистота“ при ЈПКД „Комуналец“, досега на улиците се фрлени 32,5 тони сол и 12 тони ризла. Зимската служба на „Комуналец“ работеше на пробивањето на патот од Струмица кон населените места Раборци – Попчево – Рич каде што имаше снежни наноси од 1,5 метри.

Од „Комуналец“ ги информираат граѓаните дека доколку имаат проблеми со снегот и мразот на нивните улици да се јават на телефонскиот број 034 325 909 за да може зимската служба да интервенира.