Почетна Струмица Њуз

Средношколците од Никола Карев на момент беа „советници“ во советот (Видео)

Средношколците од ,,Никола Карев,, од Струмица, во рамките на проектот ,, Општина по мерка на децата,, симулираа работа на Советот на Струмица. 

Целта на симулацијата беше да се запознаат младите со функциите, улогата и работата на Градоначалникот, Советот на општината и процесот на донесување на одлуки на локално ниво, како и облиците со кои граѓаните непосредно учествуваат во одлучување за прашања од локално значење.

 

На симулацијата и претходеа повеќе консултативни средби со претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов, директорот на СОУ „Никола Карев“ Драган Јанков и професорот Марјан Ефтимов како ментор на активноста, како и со учениците-учесници во симулацијата. На часовите по граѓанско образование им беше објаснета целта на оваа активност, како дел од практичната настава по предметот, а од Советот на општина Струмица беа собрани корисни материјали од седници кои ќе им послужат на младите во учењето на демократски процеси. Учениците беа поделени на членови на Совет од „жолта“ и „бела“ партија, Градоначалник, секретар, директор на училиште, претседатели на комисии и слично.

За вистинскиот претседател на Советот Јосиф Христов средношколците покажале далеку покунструктивен пристап за разлика од вистинските советници. Реализацијата на симулацијата е поврзана со Стратегијата за млади на општина Струмица чии приоритети се зголемување на улогата на организациите на младите како партнер на Општината и зголемување на вклученоста на младите во процесите на одлучување.