Почетна Инфоград

Во ноември преку „Систем 48“ решени 171 проблем

Во општинскиот сервис „Систем 48“ во текот на  месец ноември биле доставени вкупно 190 пријави, од кои решени и одговорени се 171 пријава. Останатите 19 пријави се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа, информираат од „Систем 48“.

Најголем број од пријавите доставени до овој сервис во изминатиот месец се од областа на уличното осветлување (110), од областа на собирање смет (24), водовод и канализација (18),  улици, патишта и тротоари (2) и паркови и зеленило (17), а останатите се од други области.

Од „Систем 48“ апелираат до граѓаните навремено да ги пријавуваат проблемите на бесплатниот телефонски број 080014848, за да можат службите навремено да интервенираат по доставените пријави. Истовремено, на сите граѓани на општина Струмица им се заблагодаруваат за користење на услугите и им ги честитаат Новогодишните и Божиќните празници.