Почетна Инфоград

Усвоен буџетот на општина Струмица

Општинскиот Буџет за наредната година „тежи“ 1.163.865.728, односно 19 милиони евра. Истиот е зголемен за околу 5% за разлика од донесениот ребалансиран буџет за 2016 година.

Според градоначалникот Заев, буџетот има нагласена развојна компонента. Советниците ги усвоија и сите Предлог – програми кои произлегуваат од Буџетот. На дневен ред на седницата беа и извештаите за работење на Јавните претпријатија „Комуналец“, „Паркиралишта“ и „Струмица – гас“ за 2016 година, како и  програмите за работа на истите, за 2017 година.