Почетна Струмица Њуз

Општина Струмица избра заменик градоначалник

На денешната 47 седница на општина Струмица со одлука на градоначалникот Зоран Заев, за нов заменик градоначалник е избран Костадин Костадиновски.

Костадиновски е  економист вработен во сопствена компанија, а на предвремените парламентарни избори беше кандидат за пратеник во 4 Изборна единица. Досега оваа функција ја извршуваше советничката Катерина Кузмановска. На местото на досегашните советници Кузмановска и Јаневски кои беа кандидати за пратеници во изборната единица 4, во советот ќе бидат Бранко Божинкочев и Фатмаѓул Хаџи.