Почетна Вести

Манчевски: Се уште ги пребројуваме гласовите, можни се промени

Да ги почекаме официјалните резултати, за да може да се потврди дека со режимот е завршено, рече на денешната прес конференција Дамјан Манчевски, шеф на изборниот штаб на СДСМ и коалицијата.

Манчевски истакна дека се уште ги пребројуваат гласовите и дека сите опции се отворени.

На новинарско прашање дали можат да кажат колку мандати освоиле, одговори дека ќе почекаат до крајот на денот за да може да ги кажат финалните резултати.

Порача дека сите граѓани ќе ја почувствуваат слободата и им се заблагодари на сите кои, како што рече, беа дел од процесот за изградба на просперитетна држава.

„Ние пишуваме историја не само во државата туку и во регионални и во светски рамки. Поразивме режим со пенкало со вас. На сите вас граѓаните сакаме да ви се заблагодариме што сте дел од овој процес за иградба на нова светла, просперитетна Македонија, Македонија која отвора иднина за младите луѓе во оваа земја и за секој човек, рече Манчевски.