Почетна Вести

Експлозија во близина на стадион во Истанбул, најмалку 20 повредени

Силна екслозија се случила вечерва пред фудбалскиот стадион во Истанбул, по завршувањето на натпревар меѓу Бешикташ и Бурсаспор, во која најмалку 20 луѓе се повредени, пренесе Гардијан.

Експлозијата дошла од бомба која била поставена во автомобил пред стадионот во центарот на градот, соопшти министерот за внатрешни работи, Сулејман Солу.

Полицијата ги затворила улиците околу областа, јавува Ројтерс. Излегоа и тв материјали на кои се гледа изгорен автомобил но и два посебни пожари на патот надвор од стадионот.