Почетна Вести

ДИК: Информациите за гласањето во Идризово се шпекулации

Откако на социјалните мрежи се објавуваат наводни податоци за резултатот на гласањето во затворите од Државната изборна комисија велат дека се работи за чиста дезинформација  со цел психолошки да се влијае на гласачите, пишува 24вести.

Од ДИК појаснуваат дека гласањето трае до 19 часот, и потоа избирачките ливчиња се ставаат во црвени коверти на кои стои општината од каде доаѓа затвореникот.

Овие гласови ќе се бројат, утре, по завршувањето на гласањето. ДИК најавува и реакција доколку предвремено објавување на резултати од дијаспората се покаже како точно.