Почетна Струмица Њуз

Струмичани со масовна поддршка за Заев, а тој им вети сигурна победа на 11 декември (Фотогалерија)

Ја поминав цела Македонија, но игра срцето тука како никаде, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев, на вечерашниот митинг во Струмица. Тој на струмичани им порача дека СДСМ и опозицијата ќе освојат дупло повеќе  гласови во Струмица.

„Струмица ми е сведок дека дека се борам за еднаквост, сум помагал секому немам вратено човек во сите овие години, градевме соживот сите овие години. Не се борам ни за федерализации и кантонизации, туку за еднаквост и сплотеност. А Груевски ако сака нека пукне од мака заради тоа што за Зоран Заев ќе гласаат и Албанци и Турци и Срби и Бошњаци и Роми и Власи и Еѓипќани, прв пат сите сплотени гласаме за живот во Македонија. Им ветувам на сите граѓани дека за секој подеднакво ќе гинам се додека секое семејство не го почувствува подобриот живот оти секој е важен. Мало сутра што ќе крадат повеќе избори. Ветувам победа на 11 декември и живот за секој граѓанин во Македонија“, рече Заев.

Тој потенцираше  дека и врапчињата знаат оти нема веќе режим уште четири години. Отчукува саатот уште три дена останаа, истакна Заев.

„Почитувани вработени во администрација и корисниците на субвенции и социјална помош, вашите примања се загарантирани со закон, нив не ги дава ни Груевски ни Заев. Немој да молчите, ова е и ваша Македонија, имате обврска зошто сте и деца и родители и браќа и сестри. Имате обврска зошто оваа Македонија е и ваша, изборете се и за ваша слобода и за ваша правда. Пенкалото в раце на 11 декември, да гласаме за живот да ни се вратат децата и внуците овде. Почитувани млади луѓе иднината ви припаѓа вам имате две опции едната е да фатите белото знаме и да се предадете и да продолжите по бродови и странски земји и да другата да го зграпчите црвеното знаме и да се борите гордо за вашата земја, ве повикувам овде до мене да се бориме рамо до рамо за живот во наша Македонија“,  рече Заев.

На крајот лидерот на опозицијата побара од граѓаните масовно да излезат на 11 декември и да го заокружат бројот 4 на гласачкото ливче.

[juicebox gallery_id=”510″]