Почетна Струмица Њуз

СДСМ ги повика граѓаните на митинг вечерва во 20 часот

Со Никола Груевски нема сегашност, нема ниту стабилна иднина. Груевски не сака промени бидејки се плаши од одговорност за се што им направи на граѓаните. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата, сакаат промени, носат промени, носат живот за сите граѓани. Ајде сите заедно да ги поддржиме промените, да го поддржиме Планот за живот во Македонија, истакна денеска Јосиф Христов, шеф на Изборен штаб на СДСМ Струмица.

Тој ги повика вечерва сите на митинг. Ви го пренесуваме интегралниот текст.

Почитувани сограѓани,

Социјалдемократскиот сојуза на Македонија, ве повикува вечерва на митинг на градскиот плоштад во Струмица со почеток во 20 часот.

Ајде сите заедно да му ја дадеме поддршката на човекот кој ја откри вистината за Груевски и неговата криминална банда, за човекот кој ги почна промените и кој носи нов живот во Македонија, човекот кој овде во Струмица покажа и докажа како се работи за своите граѓани, човекот кој ја направи Струмица најпосакуваното место за живеење без ниту еден денар поддршка од централната власт, нашиот градоначалник и лидер на СДСМ, Зоран Заев.

Заедно можеме да успееме и да ја направиме Македонија држава во која младите ќе сакаат да останат тука, а сите заедно ќе имаме живот каков што заслужуваме.

Струмица знае, Струмица препознава, Струмица дава надеж .Струмица го даде најдобриот градоначалник, Струмица ќе го даде и идниот премиер.

Почитувани сограѓани,

Ве очекуваме вечерва на плоштадот со почеток во 20 часот. Заедно можеме да успееме, за живот во Македонија.