Почетна Шаренило

Заштититниците на животните бараат формирање на полиција за заштита на животните

На последната средба на кандидатите за пратеници од СДСМ со граѓанскиот сектор, Доне Скака, познат како д-р Дулитл и еден од најгoлемите заштитници на животните во државата, предложи формирање на Полиција за заштита на животните .

Тој на кандидатите за пратеници им предаде и програма. Оваа инциијатива Скака ја покренал во јуни годинава во општина Струмица и истата ја презентирал и пред градоначалникот на Струмица и претседател на СДСМ , Зоран Заев.

-Ова што го држам во рацете е мојата најболна тема, но и најболна тема за најмалку 50.000 граѓани воРепублика Македонија, а тоа е мојата изготвена програма за формирање на Полиција за заштита на животните. Тие немаат право на глас, но нека биде благословен секој оној кој ке даде подршка за реализирање на оваа програма за заштита на животните во нашата држава, истакна Доне Скака.

Доне Скака верува во реализирање на неговата програма, бидејки Зоран Заев и Општина Струмица со години му помагаат во спасување на многу бездомни и диви животни и птици.