Почетна Вести

Ордановски: Да беше жив Ќосето ќе го убиеше Груевски, не Заев

По вчерашната порака на Груевски испратена до Заев, аналитичарот Сашо Ордановски за А1 ОН вели дека ја разбира паниката во која запаѓа Груевски,  кој мисли оти со закани ќе успеат да влијаат во јавноста да се добие слика дека се посилни од противникот.

Груевски вчера на митингот испрати порака до Заев, велејќи му дека не треба да се повикува на Гоце Делчев.

– Да беше Делчев денеска жив, тој нема да можеше со него да се поздрави, на него ќе му беше пратен само Ќосето да ја заврши приказната со таков човек, испрати порака Груевски до Заев, рече Груевски на митингот во Делчево.

Според Ордановски, во нормални демократски држави со ваква изјава директно се губат изборите.

– Инаку, Ќосето не е познат по убивање на никој друг отколку на луѓе од ВМРО, вклучително и неговиот брат. Така што, сè се плашам дека ќе го убиеше Груевски, а не Заев, рече тој за А1он.