Почетна Струмица Њуз

Заев: Вистинските анкети ќе се видат на 11 декември

Ќе има редици на 11 декември, ќе има експлозија од гласачи. Немам дилема околу победата на изборите на 11 декември, рече лидерот на опозицијата Зоран Заев, во интервјуто за 24 Вести.

По однос на резултатите од најновите анкети, кои покажуваат предност на ВМРО-ДПМНЕ од околу 4%, Заев истакна дека СДСМ ќе победи, а во 4 изборна единица ќе победи со 12 спрема 8 пратеници. „После сите лаги на Груевски јасно е како ден, јасно е дека ќе победи СДСМ“, порача лидерот на СДСМ. Тој уште еднаш ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање на 11 декември и им порача никој да не се плаши, затоа што никој не може да знае за кого гласачот ќе го даде својот глас позади параванот.

На крај, на прашањето дали очекува мирен изборен ден, Заев упати порака до власта да не и падне на памет да ги заплашува граѓаните, бидејќи Македонија и граѓаните не заслужуваат недемократски и нефер избори.