Почетна Струмица Њуз

МВР за пукањето во турското маало во Струмица

Инспектори биле нападнати физички од страна на поголема група граѓани при приведување на лице, вчера во 18:40 часот на улица „Бетовенова“ во Струмица, стои во соопштението на МВР.

Во соопштението стои дека полицајците испукале неколку пати во воздух заради заплашување. Две овластени службени лица се здобиле со лесни телесни повреди и биле пренесени во Медицинскиот центар во Струмица. СВР Струмица презема мерки за целосно расчистување на случајот.