Почетна Струмица Њуз

Кузмановска: Ќе создадеме стручна и ефикасна администрација (Видео)

Последниве десет години, јавната администрација во Република Македонија стана сервис за згрижување на партиските кадри на власта и систем за изборна корупција и клиентелизам. Тоа создаде целосно партизирана, често нестручна и неефикасна јавна администрација. Се напредува само по партиска заслуга, рече на денешната прес конференција Катерина Кузмановска, кандидат за пратеник од СДСМ на листа во ИЕ 4.

Интегрален текст:

Нашата цел е создавање стручна и ефикасна администрација која ќе обезбеди квалитетни услуги за граѓаните и бизнис-секторот и ќе ги заштити нивните права, отчетна и транспарентна администрација и администрација за граѓаните, а не за партиите.

Затоа, во нашиот План главен критериум за вработување нема да биде партиската книшка, туку стручноста, компетентноста и работното искуство во струката. Административните службеници нема да бидат бркани од работа. Со претходна анализа на состојбите во администрацијата, ќе се направи нејзина реорганизација со една цел: да ги зголемиме квалитетот на услугите кон граѓаните и претпријатијата и степенот на заштита на нивните права.

СДСМ ќе воспостави целосен регистар и јавно ќе го објави вкупниот број на постојани и привремено вработени лица во јавниот сектор. Регистарот ќе биде јавно достапен и редовно ќе се ажурира. Граѓаните ќе имаат увид на сите вработени во јавната администрација, за секоја институција.

Ќе го укинеме нереалниот психолошки тест, кој само создава буџетски трошоци и поголем простор за корупција и манипулација од страна на власта и ним блиските.

Ќе воведеме работно време на институциите што ќе започнува од 7.30 до 8,0 часот наутро и ќе трае соодветно, до 15.30, односно 16.30 часот попладне. Дополнително, во една институција ќе направиме пилот-проект за 6-часовно работно време, со цел да се утврдат ефектите врз продуктивноста во работата.

Институциите кои имаат значителен обем на работа, и во кои граѓаните реализираат клучни права, ќе работат двосменски, односно до 20 часот, за да може да се обезбеди услуга на сите граѓани навремено.

Ќе го укинеме постоечкиот начин на оценување во администрацијата кое е основ за малтретирање на вработените и расчистување со политичките неистомисленици. Оценувањето ќе се врши според параметри кои се видливи и можат да се мерат како што се редовност во работењето, ефективност, ефикасност, професионалност и стручност при извршувањето на работните задачи. Ќе ги зголемуваме платите во јавниот сектор врз основа на растот на македонската економија.

Почитувани граѓани,вработени во јавната администрација,

Вие и вашите семејства заслужувате достоинствен живот. Не дозволувајте повеќе да ве злоупотребуваат и да го девалвираат вашиот труд. Ве повикуваме да се приклучите на оваа борба за живот во Македонија. Не плашете се од притисоци и закани. Излезете на 11 декември и изберете го Планот за живот во Македонија.Заокружете го бројот 4 и обезбедете си сигурна иднина за вас и вашите деца.