Почетна Струмица Њуз

Ќе ја изградиме иднината и ќе започнеме нов живот со влада предводена од Зоран Заев (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ова е сликата што сакам да ја гледам, порача на митингот во Бежанскиот парк Костадин Костадинов, кандидат за пратеник на СДСМ од Струмица. Тој пред присутните истакна дека програмата на СДСМ нуди план како да ги задржат младите во Македонија.

 

„Овие 10 години владеење на расипничката власт на чело со Никола Груевски ни донесоа најголема невработеност меѓу младите. Младите се иселуваат само заради Никола Груевски и никој друг. Ние во нашата програма нудиме 10.000 евра неповратни средства за мали бизниси“, рече Костадинов и потенцираше дека оваа власт ќе одговара за секое злодело што го има направено. „На 11 декември ќе започнеме живот во нова модерна, просперитетна и европска Македонија“, порача Костадинов.

 

Пред струмичани се обрати и кандидатот за пратеник Кокан Јаневски, кој истакна дека Македонија оди во погрешна насока и затоа е потребна голема промена.

„За СДСМ и лидерот Зоран Заев, секој од вас е важен. Македонија оди во погрешна насока. Затоа, ајде на 11 декември да го направиме вистинскиот избор за нас, за нашите деца и внуци. Да го подржиме Планот за живот во Македонија, и ќе има живот за сите, живот за младите да останат во Македонија. На 11 декември да започнеме нов живот на чело со нова влада, предводена од Зоран Заев. Влада која ќе работи за граѓаните“, рече Јаневски.

 

Пред насобраните граѓани се обрати и кандидатката за пратеничка од Струмица, Катица Кузмановска. Таа истакна дека две работи се битни во животот. Здравјето и воздухот што го дишиме.

 

„Јас сум тука да ви помогнам за здравјето, но барам сите да помогнете слободно да дишиме чист воздух. Верувам во програмата и Планот за Живот на СДСМ, верувам во Зоран Заев. Ја бараме вашата поддршка да ја излекуваме Македонија. А лекот е да го заокружиме бројот 4 на гласачкото ливче и да гласаме за Планот за живот во Македонија“, рече Кузмановска.

[juicebox gallery_id=”509″]