Почетна Струмица Њуз

Заев во Ново Село: Најважната работа за новата власт ќе биде пласманот на земјоделското производство

Во земјоделството, коешто е најзначајна гранка од која што живеат најголем број на граѓани во овој наш струмички регион, најважната работа за новата власт ќе биде пласманот на земјоделското производство, отворање на новите пазари, зголемен натпревар помеѓу откупувачите кој ќе го плати повеќе за земјоделското производство, тој да го купи.

Ова во Ново Село го најави претседателот на СДСМ и носител на кандидатска листа на СДСМ и опозицијата во ИЕ4 Зоран Заев, при тоа додавајќи дека на тој начин ќе бидат повеќе платени производите со повисоки цени, а парите ќе останат кај граѓаните.

„Субвенциите ќе бидат 160 милиони годишно, но тие ќе стигаат навремено, тогаш кога им требаат на земјоделците и ќе стигнат до вистинските земјоделци“, рече Заев.

Тој уште најави укинување на персоналниот данок во земјоделството, воведување на државна социјална пензија, како и инвестиции во комуналната инфраструктура.