Почетна Вести

Трагичен крај на малиот бразилски клуб, цела Колумбија им се поклони на загинатите бразилци (Фото+Видео)

На стадионот на колумбискиот тим Атлетико Насионал каде што синоќа требаше да се одигра првиот дуел од финалето на „Судамерикана“ против Шапекоенсе од Бразил, се собраа околу 45.000 навивачи да одадат почит на трагично загинатите фудбалери од бразилската екипа и уште 100.000 останаа пред стадионот.

На теренот продефилираа фудбалерите на Шапекоенсе кои не се качија на авионот кој пред два дена го имаше кобниот лет, а на трибините сите држеа свеќи во знак на жртвите.