Почетна Струмица Њуз

Тешка сообраќајка во Струмица

Вечерва околу 21 часот на „транзитниот“ пат во Струмица, во близина на Католичката црква „Св. Иван Крстител“, се случи тешка сообраќајна незгода помеѓу два патнички автомобили „Голф 3“ и „Пежо 205“, во која едно лице се здобило со тешки телесни повреди, пренесе Струмицанет.

 Со помош на пожарникарите и итната медицинска помош, лицето е извлечено од возилото и префрлено во Струмичката болница. Сообраќајот по „транзитниот пат“ во моментот е во прекин. Полицијата врши увид за причините на сообраќајната незгода.