Почетна Инфоград

Новус и осум други невладини организации потпишаа декларација за европски вредности EV-NET

Водени од потребата за зголемување на ефективноста на инцијативите на граѓанското општество во борбата против нетранспарентноста, невработеноста, загрозената животна средина, недоследната имплементација на легислативата, но и отсуство на спроведување на законите, НОВУС и осум други невладини организации потпишаа декларација за Европски вредности EV NET на локално и национално ниво.

Платформата за практикување на европски вредности на локално и национално ниво преку своето делување ќе се стреми да ги исполни следните цели:

• Зајакнување на капацитетите на граѓанското општество во областа на: социјалната политика и политика на вработување; политика на конкуренција; судство и темелни права преку едукација, вмрежување, размена на искуства и добри практики;

• Континуирано идентификување на актуелни проблеми од областа на социјалната политика и политика на вработување; политика конкуренција; судство и темелни права кои директно ги засегаат локалните заедници и ќе се залага за вклучување на заедниците во креирање и имплементација на решенија;

• Борба со социјалната и родовата нерамноправност, нетранспарентноста, невработеноста, загрозената животна средина како и други фактори кои влијаат на влошување на севкупниот демократски амбиент или директно ја влошуваат социјалната кохезија

• Креирање и промовирање јавни политики и пракси за доследна имплементација и почитување на принципите на владеењето на правото во однос на трите области социјалната политика и политика на вработување; политика конкуренција; судство и темелни права и нивно унапредување на локално и национално ниво;

• Иницирање на создавање решенија преку дијалог и соработка со институциите и граѓаните и подигнување на свеста на јавноста за потребата од отчетни, транспарентни, отворени и одговорни институции кои ќе градат партнерски односи со граѓаните и граѓанското општество

Акциската мрежа за добро владеење прeтставува платформа за соработка на граѓански организации кои работат на полето на социјална кохезија, владеење на правото и политиката на конкуренција. Таа се стреми кон унапредување на владеење на правото како еден од основните предуслови за демократизација на општеството и напредок во евро-атланските интеграции на РМ.