Почетна Инфоград

Се уредуваат повеќе локации за одмор и релаксација вo населените места

Повеќе населени места ќе добијат пријатни катчиња за одмор и релаксација, во рамките на проектот кој што го реализираат општина Струмица и Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ за уредување нови зелени површини.

На планираните локации во населените места Водоча, Добрејци, Просениково и Сачево веќе е поставен дел од опремата, а сите ќе бидат уредени со тревни површини, ќе има хортикултурно уредување и ќе биде поставена урбана опрема, со што жителите ќе добијат прекрасни катчиња за одмор и релаксација.

За секоја локација е направен проект со кој се испочитувани желбите и потребите на граѓаните.