Почетна Струмица Њуз

Беласица против Пелистер

Утре на стадионот „ Младост“, ФК Беласица ќе одигра натпревар против лидерот на Првата македонска фудбалска лига Пелистер, во рамки на првата рунда од фудбалскиот куп на Македонија. Натпреварот помеѓу Беласица и Пелистер е закажен за во 17:30 часот. Струмичани за многу кратко време повторно ќе имат прилика да гледат натпревар против македонски прволигаш. Претходно како дел од припремниот период ФК „Беласица“ играше со прилепска Победа, натревар кој заврши со резултат 1:1, а подоцна на градскиот стадион „Младост“ се одигра и првенствен натпревар од првата македонска лига помеѓу Вардар и Шкупи.

Покрај утрешниот натпревар против Пелистер, во 15:30 ќе се одигра и ревијален натпревар помеѓу ветераните на ФК Беласица и ФК Тиверија, по повод прослава 94 години постоење на гордоста на Струмица – ФК БЕЛАСИЦА.

Влезот за натпреварот ќе чини 50 денари.