Почетна Инфоград

Пункт за помош на настраданите од поплавите во Домот на АРМ

Општина Струмица ги информира граѓаните и правните субјекти дека пунктот за собирање хуманитарна помош за настраданите од поплавите на 6 и 7 август 2016 година се наоѓа во просториите на Домот на АРМ.

-Апелираме до граѓаните и правните субјекти, помошта да се состои од вода, конзервирана храна и средства за лична хигиена. Пунктот за собирање на хуманитарната помош е отворен од 9 до 21 часот. За подетални информации граѓаните и правните субјекти можат да се јават на телефонскиот број 076 483 090, стои во соопштението од општина Струмица.