Почетна Вести

Расте бројот на жртви од невремето, 12-годишно момче од Стајковци пронајдено мртво

Пријавена е уште една жртва од невремето во скопскиот регион, а се трага и по 16-месечно девојче. Со тоа бројот на жртвите во поплавите се искачи на 22 лица, информираат од полицијата.

Како што наведуваат од МВР, таткото во сабота вечер, додека траело невремето, го пронашол својот 12-годишен син кого водата го однела додека со својот дедо се возел на тракторот. Таткото смртта на својот син ја пријавил вчера околу 17.00 часот.

Според полицијата, се уште се трага по 16-месечно девојче, кое се возело во автомобил со својот чичко. За време на поплавите наишол голем воден бран кој почнал да го носи возилото и оттогаш на детето му се губи трагата.

Најмладата пронајдена жртва од невремето има две години.