Почетна Вести

Градоначалникот Заев им помага на граѓаните во поплавените подрачја (ФОТО/ВИДЕО)

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денеска е со граѓаните од поплавените подрачја, од населените места Ченто, с.Сингелиќ и с.Стајковци.

Тој директно на терен ја предводеше акцијата за помош на граѓаните од погодените подрачја и заедно ги расчистуваат поплавените домови.

[juicebox gallery_id=”489″]

Во санирањето на последиците од невремето, учествуваат и околу стотина вработени од Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и Противпожарната единица и специјални возила кои во поплавените подрачја пристигнаа во претпладневните часови.