Почетна Вести

Ден на жалост во Македонија

Македонија денеска одбележува Ден на жалост во чест на жртвите од невремето што го зафати скопскиот и тетовскиот регион. Во поплавите во скопско загинаа 21 лице.

Загинатите се во реонот на приградските населби Сингелиќ, Стајковци, Црешево и обиколницата кај Смилковци.

Во наредните 15 дена, според одлуката на Владата, скопскиот и тетовскиот регион се прогласени за кризни места.