Почетна Вести

Телефонски број за донација на настраданите во поплавите

Отворен е телефонски број за помош на настраданите граѓани во поплавите. Доколку сакате да помогнете, јавете се на 143 400 (од сите мрежи) и донирајте 100 денари.

Најмалку 21 лице го загубија животот во синоќешното невреме што го погоди скопскиот регион. Голем број се повредени (70), по шест лица се уште се трага, а причинети се и огромни материјални штети.

Владата на денешната вонредна седница донесе одлука да го прогласи 8 август (понеделник) како ден на жалост во Република Македонија.