Почетна Струмички маабет

Зоран Китанов за диско забавите у Струмица

Јас работаах со два грамафона и две плочи. Трета година у гимназијата бех музички уредник на младинска емисија на Радио Струмица. Тва беше 1981 година, ка почнах прв пат.

У тај период како диско живот,  имаше две дискотеки –  диско Маџир и диско Чифлик. Тии беа со еден грамафон, едно појачало за гитара, еден звучник и три сијалици у боја да трепкаат. У тај период па натука, имаах 3.000 плочи, раскажува Зоран Китанов, добро познат меѓу струмичани како еден од најдобрите познавачи на забавниот живот.

Мојте друагари ка купуваа коли, јас паарте шо ги собираах ми беа за систем.  Од војската шо ги соберах,  му ги дадех на татко ми да ги уплате у банка и после 30 дена ми се јави оти ми стигнало дек тиг, со софт тач и со хидраулик….И од војската земах излез демек да одам у градо,  а јас се качих на автобусо да дојдам да го видам и се вратих.  У тва време се работеше на касети.

Ка се отвори и диското на Благој Истато, денешно  Мафка, ка идаах од Скопје, чат-пат пуштаах музика, а активно почнах едно лето у 1984 година.  Не работеше Јавор диското, беа отвориле диско у пензионерското, го држаше еден Скопјанец. Драган беше дис-џокеј, а на него му го даваах под кирија појачаалто,  оти тогај опремата беше скромна. И, Благој ме викна, бееме пријатели, и вика дај да напрааме нешто диското не работе. Викам ок, ама јас как ќе кажам,  така да биде.

Картите не се продаваа, туку  се раздаваа на корзото меѓу друштвата, и ка питаа шо ќе има, викааме елајте,  видејте… ќе има забава. И се дигна фама – у август на 30 степени у Јавор доле да влезат 500 души.  Правааме неверојатни забави.

Ка требаше веќе да си одам за Скопје, последната вечер кажах оти сакам да ми дојдат само тии шо ме сакат. И таа вчер продадеа се 730 карти,  можаш ли  да замислеш?  У Мафката сега как шо е, тогај у оште помалечок простор да влезе толку народ.

Истио период другаарте ме викнаа да го земат кафичо ПАНДА. У Панда у тва време немаше жива душа, а сегде пуно по другите места. Шо се случува – нии го зимаме денеска , утре веќе немаше место.

У исто време  се праваше диското кај градскио базен  го држаа Богданчане. Они немаа опрема, а веќе почна да  работе турбо и ми понудиа комплетно озвучение и осветление да го водам јас.  И памтам, у Скопје бееме… пример треба да го отвореме у сабота, а у петок у Бристол на тарааста беше Џаро со Бајага….јас му кажах зашо не го донесеш кај  нас, он вика не може така,  кај Перо Христов е договорен, он  е име и така натам… вии не можете да работате . Викам добро. Утре вечерта они продаддеа 10 карти, и иде Џаро кај 12 саато у негов стил, нели он гледе само пари да зема, и вика: абе да го донесам Бајага тук да пее….

Тава лето работииме турбо и дојде октомври, работеше диското у Културнио дом, Манич од Скопје го држаше. Нии ојдееме тама, а они викат  - ние имаме со Манич договор, не бива…а на мене, па ми се врте у главата диско. Киинто тогај не работеше и одииме кај директоро, му викаме да го прааме диско оти и така продаваа по 5 карти. Вика ама да остане балконо кино. Доброо, нек остане не ми треба….Ги извадииме седишта, ама морааме да платеме карти за тие денови ка неможеше да се прожектира филм …И, денеска го отвараме, а целио народ од Културнио дом  дојде у кино Балкан…Тама работииме до пред распусто. Потерах малку да ни ги сменат условите околу плаќаанто , ама не бивало. Добро, у меѓувреме Скопјанецо си беше ојдел од Културнио дом  и памтам тии викале: „кој од тии тука е Панда, на них да го дааме“.

И, тај ден на народо му викаме – саа сме тука, другата недела у Културнио дом, и право истите луќе там се префрлиа. Диското си работеше од 8 саато и до 11 завршуваше.

Време на  концерти, детско и вечерно диско

Наредната година беше голема киријата и се мислах как да направам…и го измислих детското диско, оти плаќааме кирија 1.000 марки, па од три до 7 саато имаше детско…И, со тва детско диско си ја вадааме кириата, а другото ни беше ќар. За да не не боле главата, ни кажаа треба да регистрираме музичка естрада, па регистрирааме музичка естрада  „3м“. Така се викаше оти бееме трујца…Наредното лето па бееме у базено, тогај се плаќаше карта. Делааме награди коли , патуване низ Европа, телевизоре и системе, дељааме как малтене кока кола да даваш и беше ного убав период на забава и концерти.  Тава е од ‘88 до ‘92 година.

Можам да кажам оти од цела Југославија сите можни групи имат дојдено кај мене у диско, освен две. Ми останаа как неостварена желба,  тва бее „Атомско склониште“ и „Бело дугме“, ама у комплетен состав. Жељко Бебек беше сам, ама комплет не беа. Сите беа со концерт у живо, само Македонците пејаа на плеј бек, освен Влатко Стефановски, и тава беше ного убав период на дружба.

Добра забава си сака квалитетна опрема и сериозна инвестиција…

После летто се отвори Џокер и там имам продадено најного карти у живото , не верувам некој да ја повторе таа цифра. Имаше една финална вечер ка се доделуваше Хјундаи акцент, 4.300 карти се продадеа. Ама тогај имааме ного сериозна инвестиција, имааме еден шлепер опрема. Првио ласер у Македонија јас го имаах и тва сериозен ласер, ка го уклучииме стопи га инсталациата, па наново инсталациа местииме. Тај ласер кошташе 12.000 марки и остана единствен и беше продаден у Колосеум у Скопје.

Нии работааме со мегаломанска опрема, пуштааме по 10 баса со 8 појачала. Тва може да се издрже само со карти у денешни услови, оти не знам как би се врнала таква инвестиција.

Јас у Македонија го имах првио фејсдинер,  тва е америчко појачало тежеше 36 кила. Е такви имааме 4, само за бас…Беше огромна забава , се работеше на плочи, немаше сними ја касетта и остај го. Или со усбе-то и ќе си работе. И без микрофон не биваше…Буквално беше шоу.

На грамафоно шо купуваах глава, конкорд игла беше 300 марки и беше прва игла шо звучеше у два правца и тогај прв пат почна да се скречува.  Едино нешто шо не ми лежеше беше почетоко на техното, не можаах да го внесам у главата, оти јас повеќе сакаах ритам. А најмалце шо примених,  а шо за жал сега е најзастапено, е турб2о фолко. На мене не ми се случи јас у диско да пуштам турбо фолк.

И памтам една сцена у Џокер. Дојде една пејачка од Белград, беше 17 години ного убава, и они плеј бек пеејаа. И ми дава цд-то и ми вика на крај ќе ставаш „два пута онај мој хит“. Јас и викам кој хит, а она вика ај саа не са прај блесав – мој хит…И викам, не знам не слушам таква музика, не знам за кој хит се работе…Пејачката беше Јелена Карлеуша .

За турбо фолко…

Ден денеска ме крииво ка гледам шо се дешава со турбо фолко, ама на млаадите изгледа им се ареса… На мене у моменто да ми кажат да напишам три песни од Северина, јас не знам. А да ми дадат да напишам десет песни од Пинк Флојд, ќе те питам од кој албум. Посебно мее криво за турбо фолко шо го мешат у таа бранша, несфатливо мее….

Лани на Струмица опен дојдеа „Прљаво Казалиште“. Јас бех со них цел ден и стана маабет на таа тема. И они ми викат, едино нешто шо ме криво шо не постое  Југославија.  Криво мее за две работи, за спорто и музиката.

Как функционираше музиката. Тогај и да имаш напараано албум чекаш еден месец. Вадат албум „Бајага“ или „ЕКВ“ и чекаш, пазаш, внимаваш оти имаш конкуренција, а саа шо сакаш си прааш. Ја гледи, Чолиќ 60 години уште пее, Горан Бреговиќ уште е топ, чим немаш конкуренција се губа квалитето. За мене еден од узурпаторите и кривец е ТВ ПИНК, а после и Бугаарте со Планет. Ден денеска, коо група може да собере 20 иљади луѓе?

Китано и Јосипа Лисац

Критериумо за икс работи е за жал сменен. За вај година ќе предложам на Струмица Опен да го донесат Влатко Стефановски, човек шо за три вечери ја пне Сава центар у Белград, а  у Хрватска картите се продадени унапред. Кај нас дојде у Културнио дом,  дојдеа 200 души, шо е срамно…

И на светски рамки квалитето е изменен. Понудата  беше групирана од 70 до 80 година. Тва можеш да го видеш на пример преку „Квин“, се додека имаше конкуренција. За да просперираше, мораше да има добра песна. И у тава време ја направиа  „Боемска рапсодија“, песна шо у наредните години ќе се уче у шкоолте по музичко.

Борба за престиж

Нии тогај внимааваме на опремата. Сега ка ќе влезам у некој кафич ми смета неквалитетната опрема. Се купувта најевтини звучници. Јас работаах со торенс 126 нк3 грамафон и саа да го земаш е 1,000 евра. Ама саа имаш какво сакаш плеерче за 1.000 денари. Има промена у електорниката, ама у звучниците нема..

Имаше забава и сите работи се случуваа спонтано. Гледам пред кабиинта се соблечува еден и зимам микрофоно и му викам: ај ак си маж качи се на звучнико, ќе добииш толко и толку…Дечкото се кач, си направи стриптиз и добија си…А не го знам до ден денеска кој е.

Имаше еден постар човек постар и вика: абе дојде детето дома, не знам вии мајтап ли си удараате? Кажа ми телевизор да земам оти му се паднал? Јас му викам,  земи си го. Тии награди беа как од џеб…

Малку бее и вредностите подруги у тва време. Немаше кој си, шо си, чиј си…Версаче, Армани…Немаше такви работи, имаше Најк патики да си купаш еднач у годиинта. Фејсбук или слично, немааме такви работи….

Една од поголемите инвестиции беше у Шери и тва беше сериозна инвестиција. Не ни упали оти имаше три дискоттеки и почнаа да пуштат без пари, само за да има народ. Ама не ме послушаа оти така не може. Само сијалицата ме кошта 200 евра, а ти тва го наплаќаш од кока кола? Есапо не излева и годиинте си го носаа својто. И, завршуваах со таа работа, па почнах да ја изнајмувам опремата. После поголемио дел го продадех. Плочите сите ми стојат. Системо денеска ми служе ка се затварам у студиото шо ми е по дома. А ка купувам кола, прво шо купувам е појачало.

Се тва заврши 95-та година и почнах друго да работам. Основното за шо завршии тии забави, беше шо се укинаа картите и не можеше да си повраташ инвестицијата – квалитетната опрема. Јас бех преплатен у Асоцијација на дисџокеи у Англија да добивам плочи со бело плико, на пример, тие се по 1.000 примерока  шо само по дисџокеи ги праќат. Студиските обработки ги плаќааме по 30 фунти за една плоча. И не можеш тва да го издржеш. Не можеш да направаш диско, а да го работеш само од шанк…

Или как саа, да дојдела група петок или сабота да пеале. За шо да му дадам јас у сабота, и така си продавам по 2 иљади карти. Ак му држе газо, нек дојде у понделник…..

Јас денеска ка одам у некој кафич гледам дисџокеј си пушта музика и не му е гајле дали играт или не…Јас ќе си пукнаах од мака додека не видам да се разиграат, додека не му се каче на рамото бе, додека не га дигнам на мааста!Така ја заврши Китанов приказната за времето ка диско забавите биле во полн ек и ка е имало забава, дружба и пни дискотеки.