Почетна Вести

Најмасовен протест на Шарената револуција – обено Министерството за правда и тензии со полицијата

Под мотото „Граѓаните доаѓаат по правда“ повеќе од 30.000 демонстранти синоќа се собраа на најмасовниот протест на Шарената револуција.

Од СЈО се упатија кон Владата на Република Македонија, каде граѓански активисти и претставници на политички партии одржаа говори, за потоа да се упатат кон Министерството за правда, кое беше обоено и беа искршени неколку прозорци.

Колоната демонстранти потоа продолжи кон Собранието и во Жена парк неколку активисти се обидоа да го урнат споменикот на Прометеј, но беа спречени од специјалната полиција. Редарите на протестот не дозволија да дојде до инциденти помеѓу граѓаните и полицијата.

[juicebox gallery_id=”487″]

Фото: Ванчо Џамбаски