Почетна Вести

Уапсен Павле Богоевски, активист на Шарената револуција

Активистот на „Шарена револуција“, Павле Богоевски, вечерва е приведен за време на герила акција на Камениот мост.

Богоевски, заедно со уште неколку активисти се обидел да постави платно за време на партиската прослава на ВМРО-ДПМНЕ, но полицијата веднаш го уапсила.

Активисти преку социјалните мрежи информираа дека Павле Богоевски е однесен во полициската станица „Пролет“ и упатија апел до граѓаните да се упатат кон станицата во знак на поддршка.

Фото: Лазар Симеонов

Видео: А1он