Почетна Инфоград

„Комуналец“ ги одржува јавните површини и во населените места

По континуираното одржување на јавното зеленило и дополнителното хортикултурно уредување во градот, Јавното претпријатие за комунални дејности врши одржување и на јавните зелени површини во населените места.

Викендов се работеше на парковите површини во населените места Добрејци, Просениково, Дабиле и Куклиш. Овие активности ќе продолжат и во останатите населени места, инфомрнираат од ЈПКД „Комуналец“.