Почетна Инфоград

Во мај решени 200 проблеми преку „Систем 48“

Во општинскиот сервис „Систем 48“ во текот на месец мaj пристигнати се 217 пријави. Од нив решени се 200, а останатите 17 пријави се во процес на решавање, поради специфичниот материјал кој е потребен за решавање на проблемите од областа на уличното осветлување и урбаната опрема во рок од 48 часа.

Најголем број од пријавите во месец мај се од областа на  уличното осветлување 139,  собирање смет 14, водовод и канализација 17, паркови и зеленило 10, 7 се од делокругот на општинските инспекциски служби, а останатите од други области.

Од општинскиот сервис „Систем 48“ велат дека од месец во месец бројот на пријавите значително се зголемува, што е добар показател дека граѓаните се вистински соработници и учесници во подобрувањето на квалитетот и начинот на живеење во општина Струмица. Оттаму, им се заблагодаруваат на граѓаните за соработката и довербата и апелираат за навремено пријавување на проблемите на бесплатниот телефонски број 080014848, за да може општинските служби навремено да интервенираат и истите да ги решаваат во определениот рок од 48 часа.