Почетна Инфоград

Струмица вечер протестира со Белизе бенд

Со почеток во 19.00 часот и со поддршка на Белизе бенд, струмичани вечерва во малиот градски парк ќе ги повторат барањата на Шарената револуција кои треба да бидат исполнети до 18 јуни.

Демонстрантите имаат две клучни барања:

1.Уставниот суд да ја потврди уставноста на Специјалното јавно обвинителство

2.Ослободување на сите приведени демонстранти и повлекување на кривичните пријави против учесниците на протестите.

„Одбројуваме со Белизе бенд!“,

#Ќесилеежте, #Ќепобедиме #Мафијанаробија, стои во повикот објавен на социјалните мрежи.